Ekipa
01 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Октомври 2016
КИНГСТОН (АА) - Ураганот „Метју” кој минува преку Карипското Mоре e од петта категорија и се движи кон Јамајка и делови на Хаити и Куба, кои се на патот на неговиот потенцијално разорен ветер и на врнежите од дожд, јавува Anadolu Agency (AA).
Националниот центар за урагани на САД го нарече најсилниот ураган од Феликс 2007 година. Од центарот додадоа дека се очекува во Јамајка да се стигне во недела доцна навечер, а дека до источниот дел би требало да стигне до понеделник.
Јамајчаните вчера почнаа да ги празнат полиците во продавниците, за да се снабдат со непходни залихи, а премиерот Андру Холнс свика итен состанок на Парламентот во врска со подготовките за доаѓањето на ураганот.
Еван Томпсон, директорка на Метеоролошкиот завод на Јамајка, истакна дека првите ефекти од бурата би можеле да се почуствуваат веќе денес.
„Сериозно ја сфативме ситуацијата. Во состојба сме на голема готовност”, изјави Томпсон.
Јамајчаните се навикнати на интензивни тропски временски услови, но ураганот „Метју” е нешто сосема поразлично. Со брзина на ветерот од 260 километри на час, помоќен е од ураганот „Гилберт”, кој од 1988 година ја погоди Јамајка и беше најкатастрофална бура во модерната историја на земјата.