Rahmi Gündüz
01 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернард Казенев, потврди дека во последната акција на полицијата од северниот француски град Кале, депортирани се 14 странски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишаната изјава на францускиот министер наведено е дека 14 странски државјани се депортирани од Франција бидејќи на никаков начин немале право да добијат статус на азилант.
„За на одговорен начин да им гарантираме безбедност на оние што бегаат од војни и насилства, мораме на одлучен начин да ја продолжиме нашата политика на борба против нелегалните миранти“, порача Казeнев.
Францускиот министер додаде дека во текот на оваа година, од бегалскиот центар во Кале депортирани се 1.500 лица, и дека во акциите на полицијата биле разбиени 231 група трговци со мигранти.
Францускиот претседател, Франсоа Оланд, за време на минатонеделната посета на градот Кале најави потполно затворање на миграцискиот центар во овој град, во кој бројот на жителите во однос на претходната година е двојно зголемен.
Поголем дел од мигрантите во кампот се државјани на Авганистан, Судан, Еритреја и на Етиопија.