Doga Kirmizioglu
15 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Светски познатиот атлетичар Хусеин Болт соопшти дека не жали поради одлуката да се повлече од активниот спорт, бидејќи во атлетиката успеал да ги постигне сите зададени цели, јавува Anadolu Agency (AA).
Болд пред новинарите во Монако ја образложи одлуката да се повлече од активниот спорт.
Триесетгодишниот спринтер, кој имаше соопштено дека се повлекува од атлетиката по Светското првенство во атлетика, кое во Лондон ќе се одржи во август оваа година, истакна дека повеќе нема причини за да продолжи со атлетиката.
Рекордерот Болд соопшти дека сака да ја прекине атлетската кариера додека е на врвот. „Во овој спорт постигнав сѐ што посакав. Не жалам за одлуката да се повлечам од атлетиката. И поранешниот американски атлетичар Мајкл Џонсон беше запрашан зошто го остава спортот кога се наоѓа токму на врвот. И тој, како и јас, беше изјавил дека повеќе нема цели кон кои би се стремел. Сега го разбирам“, изјави Болд.
Болд по четврти пат оваа година ја доби најпрестижната наградата во светот на спортот, Светската награда во спортот Лауреус во машка категорија, благодарение на златните медали што на Олимпијадата во Бразил 2016 ги освои на трките на 100, 200 и екипната трка на 4х100 метри.
Спринтерот од Јамајка, кој во досегашната кариера има освоено 8 олимписки злата, продолжува да ги поседува светските рекорди во трките на 100 и на 200 метри.