Ekipa
06 Септември 2017•Ажурирај: 07 Септември 2017
KJOTO (AA) - Повеќекратниот олимписки победник и светски првак во атлетика Јамајчанецот Усеин Болт, изјави дека верува оти неговите светски рекорди во трките на 100 и на 200 метри ќе останат на сила најмалку 15, 20 години.
Единствениот спринтер, кој во трките на 100 и на 200 метри освои три последователни олимписки златни медали, ја заврши кариерата минатиот месец, по Светското првенство во Лондон. Болт држи светски рекорд од 9,58 сеунди на 100 метри, додека рекорд на 200 метри држи со резултатот од 19,19 секунди.
„Мислам дека рекордитe ќе траат некое време. Мислам дека нашата ера заедно со Јохан Блејк, Џастин Гетлин, Асафа Пауел и останатите момци беше најдобра ера на атлетичари. Да требаше да биде соборен рекордот ќе беше соборен во оваа ера, па мислам дека тие резултати ќе останат на сила најмалку 15, 20 години“, изјави Болт.
Јамајчанскиот спринтер за време на кариерата освои 22 медали, 14 на светските првенства (11 златни, два сребрени, една бронзена) и осум олимписки (сите златни).