Övünç Kutlu
06 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - За рекордна цена e продадена екипата на Хјустон Рокетс, која е членка на американската национална кошаркарска лига НБА, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено на официјалната интернет-страница на НБА се наведува дека екипата на Рокетс е продадена за рекордни 2,2 милијарди долари.
Во соопштението се вели дека бизнисмен од Хјустон, милијардерот Тилман Фертита, за екипата на Рокетс ќе плати 2,2 милијарди долари, што претставува нов рекорд во НБА.
Претходниот рекорд го држеше продажбата на екипата Лос Анџелес Клиперс, која во 2014 година беше продадена за 2 милијарди долари.
Лекс Александер во 1993 година ја купи екипата на Рокетс за 85 милиони долари. Во јули Александер објави дека сака да ги продаде Рокетс.