Hüseyin Burak Demirer
18 Октомври 2017•Ажурирај: 19 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Во првото коло од сезоната 2017-2018 на Американската кошаркарска лига (НБА), Хјустон рокетс (Houston Rockets) го совлада последниот шампион Голден стејт вориорс (Golden State Warriors) со резултат 122-121, јавува Anadolu Agency (AA).
Новата сезона во НБА започна со две средби. Екипата на Голден стејт вориорс, која е НБА шампион за сезоната 2016-2017, на домашен терен одигра натпревар полн со возбудувања против екипата на Хјустон рокетс. Екипата на Хјустон рокетс имаше 6 играчи кои постигнаа двоцифрен број на поени и успеа на гостински терен да ја совлада екипата на Вориорс со резултат 122-121.
Свој придонес во победата на Рокетс дадоа Џејмс Харден со 27 поени, 10 асистенции и 6 скока, Ерик Гордон постигна 24 поени, а П.Џ. Такер постигна 20 поени и 6 скока. Плеј-мејкерот Крис Пол, кој сезонава ја засили екипата на Рокетс, постигна 4 поени, а имаше 11 асистенции и 8 скока.
Од екипата на Вориорс, Кевин Дурант постигна 20 поени, 7 асистенции, 5 скока, 4 блокади, Стефан Кари постигна 22 поени и 5 скока, Ник Јанг 23 поени и Дрејмонд Грин 9 поени, 13 асистенции и 11 скока, резултат кој не беше доволен за да се совладаат Вориорс.
- Гордон Хејвард се повреди, Кавалирси победија -
На отворањето на сезоната се одигра натпревар во кој еден против друг играа Леброн Џејмс од Кливленд кавалирс (Cleveland Cavaliers) и Кајри Ирвинг, поранешен соиграч на Леброн, кој оваа сезона прејде во редовите на Бостон селтик (Boston Celtics).
Кавалирси, кои минатата сезона беа финалисти во натпреварувањето на НБА, ја совладаа екипата на Селтикс со резултат 102-99. Селтикс несреќно ја започнаа сезонава, бидејќи во првата четвртина од натпреварот, новиот играч во екипата, учесникот на Ол-стар, Гордон Хејвард, го скрши глуждот од левата нога.
Леброн со постигнати 29 поени, 16 скока и 9 асистенции, за малку пропушти да постигне „трипл дабл“. Во редовите на Калавирс, Кевин Лов постигна 15 поени и 11 асистенции, а Дерек Роус 14 поени.
Во редовите на Селтикс најефикасен беше Ирвинг, со 22 поена, 10 асистенции и руки играчот Џејсон Татум со 14 поени и 10 скока постигна „дабл дабл“. Џејлен Браун постигна 25 поени и 6 скока.