Elif Nur Çolak
11 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Легендарниот кошаркар на Анадолу Ефес Петар Наумоски, се сретна со љубителите на кошарката на еден настан организиран во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Наумоски, кој играше за „сино-белите" во периодот меѓу 1992-1994 и 1995-1999 година и има постигнато многу упеси особено во Корач купот, разговараше со љубителите на кошарката во спортската Сала Абди Ипекчи.
На настанот на којшто присуствуваа 20 навивачи кои имаат освоено најмалку 500 бода од мобилната апликација на Анадолу Ефес, Наумоски ги сподели своите искуства во неговата кариера и во Анадолу Ефес.
Настанот заврши со сечењето на торта на која беше фотографијата на легендарниот кошаркар.
Петар Наумоски е роден во 1968 година во градот Прилеп. Постигна голем успех во периодот кога играше кошарка во Турција и Италија.
Наумоски во текот на својата долга кариера играше за Сплит, Работнички, Ефес Пилсен, Бенетон Тревизо, Монтепаски Сиена, Олимпија Милано и Улкерспор постигна голем успех и доби многубројни признанија, како во Југословенското првенство и куп, Турско првенство и куп, така и во Европско Првенство.
Во април 2015. година, Наумовски беше избран за претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.