Hüseyin Burak Demirer
13 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Лигата на шампиони започнува утре, со натпреварите од 1/8 финалето, јавува Anadolu Agency (AA).
Утре, на 14 февруари, и в среда, на 15 февруари ќе се одиграат 4 натпревари од 1/8 финалето во најпрестижното клупско фудбалско натпреварување во Европа, Лигата на шампиони. Останатите натпревари ќе се одиграат на 21 и 22 февруари.
Кои екипи ќе се пласираат во четвртфиналето, ќе биде познато по реванш-натпреварите што ќе се одиграат на 7 и 8 март и на 14 и 15 март.
Сите натпревари од 1/8 финалето на Лигата на шампиони ќе се одиграат во 20.45 часот, а распоредот на натпреварите е следниот:
Утре:
Бенфика (Португалија) – Борусија Дортмунд (Германија)
Пари Сен Жермен (Франција) – Барселона (Шпанија)
15 февруари:
Баерн Минхен (Германија) – Арсенал (Англија)
Реал Мадрид (Шпанија) – Наполи (Италија)
21 февруари:
Баерн Леверкузен (Германија) – Атлетико Мадрид (Шпанија)
Манчестер Сити (Англија) – Монако (Франција)
22 февруари:
Порто (Португалија) – Јувентус (Италија)
Севилја (Шпанија) – Лестер Сити (Англија)