Dejan Maksimovic
17 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
ЦИРИХ (АА) - Денеска во Цирих се одржа жрепката на двојките од баражот на европските квалификации за Светското фудбалско првенство што во 2018 година ќе се одржи во Русија. Единствениот претставник од регионот е Хрватска, која во баражот ќе игра против Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Претходно, Фудбалската федерација на Хрватска одлучи репрезентацијата во баражот да ја води Златко Далиќ, а натпреварот во Хрватска да се игра на стадионот „Максимир“ во Загреб.
Во баражот ќе се сретнат Хрватска - Грција, С. Ирска - Швајцарија, Шведска - Италија и Данска - Р. Ирска. Првите натпревари ќе се одиграат од 9 до 11 ноември, додека реванш средбите се закажани во периодот од 12 до 14 ноември оваа година.
Во редовниот тек на квалификациите, место на Мундијалот во Русија, од Европа, обезбедија Белгија, Англија, Франција, Германија, Исланд, Полска, Португалија, Србија и Шпанија. Русија како претставник на Европа е директен учесник како организатор на Мундијалот.