Gamze Türkoğlu Oğuz
21 Мај 2020•Ажурирај: 25 Мај 2020
ПАРИЗ (АА) – Италијанка со ждрепка на една организација за добротворни цели во Франција, стана добитничка на слика масло на платно на сликарот Пабло Пикасо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во аукциската куќа „Кристис“ во Париз се одржа електронска ждрепка за сликата „Nature Morte“ на Пикасо, која според организаторите вреди 1 милион евра.
Победникот на ждрепката е Италијанката Клаудија Боргонo. За ждрепката беа продадени 51.140 билети кои чинеа по 100 евра, во повеќе од 100 земји.
Наведено е дека приходите од продажбата на билетите ќе бидат потрошени за испорака на вода до села во Мадагаскар и Камерун.
Организаторите соопштија дека среќниот билет во Италија го купил некое друго лице, кое во декември билетот го подарил на Боргоно.