култура и уметност

САД: Продадена сликата којашто се припишуваше на Пикасо чувана во плакар 50 години

Сликата, со димензии 40 х 40 сантиметри, има потпис од 1919 година. Институтот за историја во Њујорк смета дека сликата му припаѓа на сликарот поради сличноста со сценската завеса, што Пикасо ја подготви за истоимениот балет, изведен во Лондон

Saadet Firdevs Aparı  | 02.07.2021 - Обновена : 05.07.2021
САД: Продадена сликата којашто се припишуваше на Пикасо чувана во плакар 50 години

АНКАРА (АА) - Композитна слика припишана на шпанскиот сликар Пабло Пикасо е продадена откако 50 години стоеше во плакарот на една куќа во Мејн, САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на локалните медиуми, Аукциската куќа „Џон Мекинис“, со седиште во Масачусетс, потврди дека сликата „Ле Трикорн“ (Le Tricorne) е продадена во саботата.

Сликата, со димензии 40 х 40 сантиметри, има потпис од 1919 година. Институтот за историја во Њујорк смета дека сликата му припаѓа на сликарот поради сличноста со сценската завеса, што Пикасо ја подготви за истоимениот балет, изведен во Лондон. Сценската завеса е изложена во Њујорк од 2015 година.

Веб-страницата „liveauctioneers.com“, една од платформите за онлајн аукција, соопшти дека продажната цена на сликата е 150.000 долари, а дека купувачот платил 24 проценти од таа цена.

Платформата, која не ги именуваше купувачот и продавачот, соопшти дека сликата е наследена од пратетката на продавачот и е пронајдена во плакарот на куќата.

„Оваа слика е пронајдена во куќа во сопственост на мојата пратетка. Неколку слики, вклучувајќи ја и оваа, кои се чуваа во плакарот 50 години, прво беа оставени на татко ми, а потоа и мене“, се вели во соопштението.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.