Ekipa
11 Ноември 2016•Ажурирај: 12 Ноември 2016
БОСТОН (АА) - Опремата за голф што му припаѓаше на поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот, беше продадена на аукција за 30 илјади долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Аукцијата се одржа вчера, а беа понудени торбата, чевлите за голф „најк ер“ и топчињата. Продажбата беше организирана од страна на аукциската куќа „РР Аукшн“ во Бостон.
Поранешниот американски претседател, кој е 41. носител на таа титула, беше страстен играч на голф за време на одморот во Кенебункпорт, Мејн.
Најдобриот негов резултат во овој спорт го постигнал погодувајќи 18 дупки на теренот за помалку од два часа. Лекарите на Белата куќа тоа го нарекоа аеробик на голф.