İnci Gündağ
29 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
ЛОНДОН (АА) - Манускриптот од „Втората симфонија“ на композиторот Густав Малер во Лондон е продаден за повеќе од 4,5 милиони фунти (5,3 милиони евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Ракописот од 232 страници е продаден на аукција организирана од аукциската куќа „Сотебис“ за 4.546.250 фунти.
Композиторот симфонијата ја напишал меѓу 1888 и 1894 година, а слушателите во неа за првпат можеле да уживаат во 1895 година. Исто така, ова е рекорден износ за кој е продаден одреден манускрипт на аукција.
Овој документ не е претходно понуден ниту продаван на пазарот.
На аукцијата во 1987 година ракописите на композиторот Волфганг Амадеус Моцарт беа продадени за 2,5 милиони фунти (околу 2,9 милиони евра), додека симфонијата на Роберт Шуман во 1994 година беше продадена за 1,5 милиони фунти ( околу 1,7 милиони евра).
Австриецот Густав Малер е еден од најзначајните композитори на доцниот романтизам. Малер почина во 1911 година на 50-годишна возраст.