Umur Koçak Semiz
30 Јуни 2016•Ажурирај: 01 Јули 2016
ЛОНДОН (AA) - Најголемиот небрусен дијамант на светот „Lesedi La Rona" не е продаден на аукцијата одржана во британската престолнина Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
Најголемиот небрусен дијамант е со големина на тениска топка, а на аукцијата никој не понуди почетна цена од 70 милиони долари. Дијамантот во рудникот го пронајдоа работниците на канадската компанија „Lucara Diaond" во ноември минатата година.
Леседи Ла Рона од 1.109 карати на локалниот јазик во Боцвана значи „наше светло".
Директорот на одделот за накит на аукциската куќа „Sotheby's David Bennett", потврди дека „Lesedi La Rona" е најголемиот небрусен дијамант кој до сега бил на некоја аукција.