Ahmet Emin Dönmez
29 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
АНКАРА
Светски познатиот холивудски актер Леонардо Ди Каприо донираше финансиски средства за спасување на загрозен вид на планински горили во Демократската Република Конго (KDC), јавува Агенција Анадолија (AA).
Ди Каприо преку социјалните мрежи објави дека финансиски ја поддржал Фондацијата „Earth Alliance" која веќе издвоила два милиони долари.
Популарниот актер во својот пост потсети дека Националниот парк Вирунга е едно од билолошките наразнолични подрачја на планета и дом на критично загрозениот вид на планинските горили.
Потсети дека Националиот парк е соочен со повеќе предизвици како еболата, вооружени напади, а сега и со коронавирусот.
Паркот, кој се наоѓа на Листата на светско наследство на УНЕСКО, затворен е за посетителите за да ги заштитат планинските горили од епидемјата на Ковид-19.
Во вооружениот напад кој бунтовниците го изведоа минатиот месец, загинаа 13 вработени во паркот.