Mücahit Oktay
30 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
ЊУЈОРК (АА) - Дерек Чоувин, полицаецот кој вчера беше обвинет за убиството на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, се соочува со обвиненија за убиство од трет степен, но и со барање за развод на бракот поднесено од неговата сопруга, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Кели Чоувин, сопругата на сега веќе поранешниот полицаец којшто осум минути го притискал коленото на вратот на Флојд, кој подоцна почина, поднесе барање за развод.
„Кели е уништена поради смртта на г. Флојд. Таа изрази сочувство до неговото семејство, пријателите и сите што тагуваат за него. Поднесе барање за развод“, се вели во соопштението потпишано од нејзиното семејство.
Таа нема деца со осомничениот и не се знае колку долго се во брак.
Дерек вчера беше уапсен и обвинет за смртта на Флојд, невооружен Афроамериканец кој почина за време на апсењето. Тој во моментов се соочува со обвиненија за убиство од трет степен.