Ekipa
22 Февруари 2016•Ажурирај: 23 Февруари 2016
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Полицијата на Бангладеш во главниот град на таа земја заплени најмалку 20 бомби и експлозив и уапси две лица осомничени за поврзаност со забранета радикална група, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради порастот на екстремизмот во оваа секуларна јужноазиска држава, полициските рации последниве неколку месеци се позачестени. Заменикот на генералниот полициски инспектор на полицијата во Дака, Монирул Ислам, изјави дека двајцата осомничени се уапсени за време на пребарувањето на четири станбени згради.
Разорната моќ на запленетите бомби е голема, рече тој, додавајќи дека по одземањето, сите бомби се демонтирани.
Инспекторот изјави дека запленетиот материјал кој припаѓа на групата "Ansarullah Bangla", чие делување Владата на Бангладеш го забрани во 2015 година.