Melda Altakhan
22 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Еден од основачите на гигантот меѓу социјалните мрежи, Фејсбук, и негов главен извршен директор, Марк Закерберг организираше прес-концеренција заедно со својата сопруга Присила Чен, во кампусот на Универзитетот во Сан Франциско, Калифорнија, каде што беше соопштено дека на полето на здравството ќе бидат донирани 3 милијарди долари со цел да се прават испитувања за пронаоѓање на лек за сите човечки заболувања, јавува Anadolu Agency (AA).
Закерберг рече дека донацијата има за цел да им помегне на сите деца и да се пронајде лек за сите болести, од настинка до рак.
За истражувањето на болестите, Закерберг рече дека на едно место ќе ги доведе најдобрите инженери и медицински експерти од светот, со цел да се најдат нови методи и технологии, чиј развој можеби ќе трае со години, но истакна дека за ова прашање е потребна трпеливост.
Донацијата ќе биде направена преку хуманитарната организација „Иницијатива Чен Закерберг“, која ја формираше брачниот пар. Оваа организација во почетокот ќе донира 600 милиони долари во истражувачкиот центар „Биохуб“ (Biohub), со седиште во Сан Франциско, кој ќе спроведе заеднички истражувања со универзитетите „Станфорд“, „Беркли“ и „Сан Франциско“, кои се наоѓаат во истото подрачје.
Откако им се роди ќерката Макс на крајот од минатата година, двојката Закерберг–Чен соопшти дека од 45 милијарди долари кои ги поседуваат како капитал, планираат во наредните години да донираат 99 отсто од акциите во добротворни цели.