Ekipa
26 Февруари 2016•Ажурирај: 28 Февруари 2016
БЕРЛИН (AA) - Марк Цукерберг, оснивачот на социјалната мрежа Фејсбук, рече дека допрва треба да се направи уште многу работа на надгледувањето и спречувањето на говорот на омраза на социјалните мрежи во Германија, јавува Аnadolu Agency (AA).
Одговарајќи на прашања во текот на настан во градското собрание во Берлин, Цукерберг помеѓу останатото рече: "Говорот на омразата нема место на Фејсбук и поради тоа покренавме подобри контроли и отсранување на таквите содржини."
Германските функционери изразија загриженост поради фактот дека десничарските и другите групи патем Фејсбук ги шират своите идеи. За тој проблем Цукерберг минатата година разговараше со германската секретарка Ангела Меркел.
"Мислам дека до донеодамна во Германија не работевме доволно добра работа и мислам дека ќе мораме да продолжиме со работа за да бидеме подобри", рече Цукерберг.
Тој додаде дека Фејсбук во Германија сега мигрантите ги третира како "заштитена класа" на луѓе.