Bakir Tiro
30 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
САРАЕВО (AA) - Фудбалскиот клуб Црвена Sвезда од Белград има највеќе „Фејсбук навивачи" од сите клубови кои егзистираат на територијата на Западен Балкан. Според денешните податоци на официјалната Фејсбук страна на тимот од белградска Маракана ја лајкуваа 755.109 лица, а ФК Вардар,најпопуларниот клуб од Македонија, на Фејсбук го следат 89.178 симпатизери, јавува Anadolu Agency (AA).
Втор најпопуларен клуб во регионот на најмасовната светска социјална мрежа е загребскиот Динамо со 541.482 пријатели. На трето место е Партизан, лутиот градски ривал на Црвена Sвезда. Страницата на „црно-белите", им се допаѓа на 434.384 лица. Сплитскиот Хајдук на официјалната страна до денес привлече 286.474 свои симпатизери.
На Фејсбук на најпопуларниот клуб од Босна и Херцеговина е сараевскиот Железничар, воедно е петопласираниот во регион, со 188.246 пријатели. Следува Сараево, градскиот ривал на Железничар, кој до денес во 14 часот преку Фејсбук го следеа 186.188 лица.
Меѓу клубовите со популарни Фејсбук страници на клубовите од регионот се и фудбалскиот клуб Марибор (151.095 пријатели), потоа Ријека (142.003).
Љубљанската Олимпија, неочекувано, има 28.383 луѓе, додека Будуќност од Бодгорица го следат само 2.193 луѓе.