Admir Fazlagic
29 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од 5. до 7. декември е организатор на футсал турнир на кои ќе настапат репрезентациите на Македонија, Португалија и Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што информира ФФМ натпреварите ќе се одиграат во спортскиот центар „Борис Трајковски“ – ВИП арена.
Од ФФМ е најавено дека во Скопје како дел од репрезентацијата на Португалија ќе пристигне и познатиот футслал играч Рикардињо, кој им е добро познат на љубителите на футсалот.
Според дадениот распоред за натпревари турнирот на 5 декември ќе го отворат реперзентациите на Македонија и Босна и Херцеговина, на 6. декември Португалија ќе игра со репрезентацијата на БиХ, а на 7 демекври репрезентацијата домаќин на турниот, Македонија ќе игра против Португалија.