Elvir Hociç
27 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
АБУ ДАБИ (АА) - Германецот Нико Розберг го освои второто место на последната трка во Формула 1 во Абу Даби и така ја освои титулата светски шампион, а неговиот клубски колега, Британецот Луис Хамилтон ниту победа на денешната трка немаше биде доволна за четвртата титула во својата кариера, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес во Абу Даби се возеше 21. трка во Формула 1, последна во календарот оваа сезона и веројатно една од највозбудливите досега.
Победа на патеката "Јас Марина" славеше возачот на Мерцедес Хамилтон, но за победа во генералниот пласман на сезоната, му беше потребно Розберг во генералниот пласман да заврши зад третото место.
Розберг сепак трката ја заврши на второто место и така ја освои својата прва титула светски шампион.
Највозбудливиот момент на трката се случи во 20 круг кога Розберг успеа да го стигне Верстапен, но како што тоа често се случува во дуелите во кои учествува Холанѓанецот, беше многу извесно двајцата возачи да се најдат надвор од патеката.
Денес, на трката во Абу Даби, кариерата ја завршија Бразилецот Филипе Маса и Британецот Џејсон батон. Поранешниот шампион Батон мораше да се повлече од трката во 13 круг, а публиката го поздрави со аплауз.
Розберг и Хамилтон ја завршија сезоната на првите две места и му донесоа убедлива победа на Мерцедес пред Ред Бул и Ферари во конкуренција на конструктори.
Трет во конкуренција на возачи сезоната ја заврши Рикиардо, четврт е Себастијан Фетел од Ферари, а петти Верстапен од Ред Бул.