Hüseyin Burak Demirer
10 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Победник на 7. трка во Формула 1 за Големата награда на Канада е Британецот Луис Хамилтон, возач на тимот на Мерцедес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Седмата трка на овогодинешното првенство во Формула 1 се возеше во канадскиот град Монтреал. На патеката „Жил Вилнев“ долга 4.361 метар, пилотите на Формула 1 се бореа кој најбргу ќе извози 70 круга.
Себастијан Фетел, возачот на Ферари, кој трката ја започна од пол-позиција, ја одржуваше првата позиција од самиот старт. Во 48. круг Фетел излета од патеката, а при враќањето на патеката, поради затворање на патот на Британецот Луис Хамилтон, кој во тој момент со својот Мерцедес се најде зад него, доби казна од 5 секунди.
Фетел потоа мина низ целната рамнина, но поради доделената казна од 5 секунди го зазеде второто место. Со оваа победа, Хамилтон стигна до 5. титула годинава, 78. во неговата кариера. Третото место на Големата награда на Канада го освои Шарл Леклер со болидот на Ферари.
На крајот од трката, Фетел не го паркира своето возило пред подиумот, туку излегувајќи од кокпитот, го туркаше својот болид до болидите што не се пласираа меѓу првите три.
На просторот наменет за церемонијата Фетел пристигна минувајќи од питстопот на Мерцедес, и табелата со број 1 поставена пред болидот на Хамилтон ја замени со табелата со број 2.
Според официјалните резултати на трката, Хамилтон во моментов има освоено 162 поени и ја задржа лидерската позиција на листата на најбрзи возачи на Формула 1. Зад Британецот, со освоени 133 поени се наоѓа неговиот клупски колега Валтери Ботас, додека третопласиран е Фетел со 100 поени.
На 23 јуни се вози 8. овогодинешна трка во Формула 1 за Големата награда на Франција.
Листа на возачи од трката за Големата награда на Канада и бодовно салдо од генералниот пласман во Формула 1 за возачи и тимови:
- Првите 6-мина на Големата награда на Канада:
1. Луис Хамилтон (Мерцедес)
2. Себастијан Фетел (Ферари)
3. Шарл Леклер (Ферари)
4. Валтери Ботас (Мерцедес)
5. Макс Ферштапен (Ред Бул Хонда)
6. Даниел Рикардо (Рено)
- Пласман на возачи:
1. Луис Хамилтон (Британија) - 162 поени
2. Валтери Ботас (Финска) - 133
3. Себастијан Фетел (Германија) - 100
4. Макс Ферштапен (Холандија) - 88
5. Шарл Леклер (Монако) - 72
- Пласман на тимови:
1. Мерцедес 295 поени
2. Ферари 172
3. Ред Бул 124
4. Мекларен 30
5. Рено 28