Elena Trenchevska Chekovikj
01 Мај 2025•Ажурирај: 02 Мај 2025
Со доаѓањето на пролетта, јапонските цреши што цветаат во паркот пред библиотеката „Робартс“ во Торонто, Канада, привлекуваат голем интерес кај жителите и туристите, кои го посетуваат паркот во сончевите денови, јавува Анадолу.
Жителите, своите дневни прошетки, средби и моменти за релаксација во овој период од годината преферираат да ги поминуваат на шеталиштето пред библиотеката, а причината е розовата магија на расцветаните цреши.
Црешовите дрвја се наоѓаат во парковите и на други локации низ Торонто.
Посетувањето на местата на кои се засадени јапонски цреши е вековна јапонска традиција наречена ханами, јапонски термин за набљудување цвеќиња. Наречени сакура во Јапонија, овие црешови дрвја цветаат кон крајот на април до почетокот на мај.