Elena Trenchevska Chekovikj
01 Мај 2025•Ажурирај: 02 Мај 2025
Познатата Емпајр Стејт Билдинг во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД) ја прослави својата 94-годишнина, со светлосен дисплеј, јавува Анадолу.
Маркантниот облакодер беше официјално отворен на 1 мај 1931 година, кога американскиот претседател Херберт Хувер ги вклучи светлата на зградата, далечински, од Вашингтон.
Изградбата започна на 17 март 1930 година, а зградата беше отворена тринаесет и пол месеци подоцна.
Таа е едно од најпознатите обележја на градот Њујорк, има 102 ката, и е висока 443 метри.
Сѐ до изградбата на популарните кули Близначки во 1972 година беше највисоката во светот, а денес е рангирана на 59-то место.