Abdulkadir Karakaya
01 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
АНКАРА - Возачот во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон на својот профил на Инстаграм објави „Некои од вас сте најголеми ѕвезди, но во време на направдата молчите. Никој не даде никаков знак во индустријата во која сум јас, а која е спорт во која доминираат белците. Јас сум еден од оние кои не се белци и тука стојам сам“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хамилтон истакнувајќи дека расизмот претставува проблем за целиот свет, во својата објава вели „Не само во САД, тој е присатен насекаде, и во В. Британија, Шпанија, Италија... Потребно е да се смени начинот на однесување кон малцинствата. Ние не сме родени со расизам и образа во срцата, на тоа нас нѐ научија.“
Хамилтон истовремено истакнува дека е против насилните настани, потенцирајќи дека ги поддржува мирните демонстрации.