Berad Büyük
01 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Фудбалерите на Ливерпул, член на ангилската Премиер лига својот револт поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен при приведување од страна на полицијата во американскиот град Минеаполис го прикажаа клекнувајќи на колено на средината од стадионот Енфилд, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претставниците на клубот Ливерпул заедно со играчите како што се Трент Александер Арнолд, Енди Робертсон, Вирџил ван Дајк, Дејан Ловрен, Џејмс Милнер, Џо Гомес, Џорџино Вајналдум, Адриан Сан-Мигел, Енди Лонерган, Фабињо и Џордан Хендерсон на своите профили на социјалните мрежи објавија фотографија клекнати на колено проследена со пораката „Единството е сила“.