спорт

Пол Погба: „Не утре, не задутре, расизмот мора да исчезне денес“

„Не смее веќе да се толерира насилството предизвикано од расизам. Нема да толерирам и нема да толерираме. Расизмот е незнаење, љубовта е доблест. Подигнете го гласот, спротивставете се на расизмот“

Mutlu Demirtaştan  | 02.06.2020 - Обновена : 03.06.2020
Пол Погба: „Не утре, не задутре, расизмот мора да исчезне денес“

ИСТАНБУЛ (АА) - Францускиот фудбалер и член на англискиот тим Манчестер јунајтед, Пол Погба, го осуди убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше жртва на полициско насилство, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Погба, во знак на протест, на својот официјален профил на Инстаграм објави фотографија со крената рака и стисната дланка и порача:

„Многу размислував како да објаснам што чувствувам во врска со неодамнешните настани во Минеаполис. Чувствував гнев, омраза, болка и тага. Жал ми е за Џорџ и за сите припадници на црната раса кои се соочуваат со расизмот, во фудбалот, на училиште, на работа, на секое место.“

Нагласи дека на расизмот конечно мора да му се стави крај.

„Не утре, не задутре, мора да престане денес. Не смее веќе да се толерира насилството предизвикано од расизам. Нема да толерирам и нема да толерираме. Расизмот е незнаење, љубовта е доблест. Подигнете го гласот, спротивставете се на расизмот“, порача Погба.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın