Erkan Avci
22 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Пред Белата куќа во Вашингтон се одржа протест против исламофобијата и расизмот во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Во вечерните часови беше организиран протест од страна на невладината организација „Гласот на евреите за мир“, кој доби поддршка од голем број претставници на здруженијата на американските муслимани за Палестина, „Кодпинк“, Центарот за мир Вашингтон, Политичкиот форум на американските жени муслиманки.
Околку двестотината протестанти носеле плакати на кои било истакнато: „Муслиманите и евреите заедно се посилни“, „Ние сме против расизмот“, „Ваше право е да ве третираат со почит“.
Групата во која поголем дел биле евреи, често го извикувале слоганот „Ние сме покрај муслиманите“.
Во име на групата била дадена и изјава за медиумите, во која се вели дека целта на протестот е да се привлече вниманието кон сѐ поголемата исламофобија и расизам во САД, кој се појавува во последно време. Тие го повикуваат новиот претседател Доналд Трамп, кој на 20 јануари 2017 година, со положувањето заклетва ќе ја започне својата нова функција, неговото раководство да ги сочува американските вредности.
Во изјавата се вели дека нема да се молчи наспроти говорите на омраза против муслиманите и обвинувањата, и побараа да им се стави крај на надгледувањата на муслиманските, арапските и средноисточните заедници.
Во изјавата се вели дека треба да ѝ се стави крај на политиката што под изговор за борба против тероризмот дава погрешна слика за исламот и муслиманите ги прикажува како цел.
По објавувањето на барањата, групата демонстранти се разотишле.