Şerife Çetin
10 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
БРИСЕЛ (АА) - На виделина излезе дека 76 отсто од пријавите за дискриминација во Белгија се затвораат без да биде преземено какво било правно дејство, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на Сојузниот центар за еднакви можности, во последните 5 години, во земјата се поднесени 4.517 пријави, од кои само за 5,5 отсто била спроведена кривична постапка .
Белгискиот парламент во 2007 година донесе три важни закони против дискриминацијата.
Законските регулативи во Белгија во врска со дискриминацијата, теоретски, на повеќе полиња даваат поголема заштита од поголем број земји во Европа.
Во Белгија постојат законски регулативи против половата, верската и расната дискриминација, дискриминација според возраста, нацијата, вкупно 19.
Од друга страна, во извештајот на Центарот за еднакви можности се наведува дека законските прописи се без резултат и се истакнува дека е потребен развој во борбата против дискриминацијата.