Ekipa
10 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
АНБАР (АА) - Во пустинскиот дел на покраината Анбар, на границата со Сирија, неутрализирани се 100 милитанти на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделението за воено информирање, кое е дел од Министерството за одбрана на Ирак, објави писмено соопштение во кое се наведува дека ирачки воени авиони извршиле 11 воздушни напади врз цели на ДЕАШ во подрачјата на градовите Анху и Ел-Каим, во покраината Анбар.
Во соопштението се вели: „Во нападите изведени врз градот Анху, убиени се 47 милитанти на ДЕАШ, а во градот Ел-Каим 53 милитанти на оваа терористичка организација“.
Во соопштението се истакнува дека во нападите се погодени и возила за транспорт на гранати, бомби, засолништа и магацини за оружје и позиции изградени за беспилотни летала на терористичката организација.
Премиерот на Ирак, Хајдар ел-Ибади, соопшти дека е започната широкопојасна воена операција во пустинскиот дел на Анбар, почнувајќи од местото Ер-Ратбе, западно од градот Рамади. Покрај предвидениот план, обезбедени се и подрачјата долж границата со Сирија.
Премиерот Ибади претходно соопшти дека милитантите на ДЕАШ и понатаму навлегуваат во земјата, и истакна дека на безбедносните сили им издал наредба да ја заштитат ирачко-сириската граница.