Dejan Maksimoviç
28 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
ЛОНДОН (AA) - Англискиот фудбалер Френк Лампард, иако има 38 години вели дека не размислува за крајот на кариерата. За британските медиуми открива за понудите од неколку клубови од Премиер лигата, но се уште ги разгледува, бидејќи после низа години во Челзи и една во Манчестер Сити, не сака д се најде во ситуација да се бори за опстанок, јавува Anadolu Agency (AA).
Лампард, кој во својата кариера три пати е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата, кон крајот на минатата година го заврши својот ангажман во Њујорк Сити, при тоа не сака да се збогува со професионалниот фудбал.
‚‚Не сакам да заминам и потоа на себе си да кажам: 'Можеби требало да останам подолго'. Имам неколку понуди од Премиер лигата. Но поради фактот, неколку години поминати во Челзи и една во Манчестер Сити, не сакам да одам во борба за опстанок", рече Лампард.
Меѓутоа, овој фудбалер нагласува и дека меѓу тие понуди нема ништо конкретно.
‚‚Сега е крај на јануари, ќе се обидам да се подготвам и да влезам во тим на кој можам да помогнам. Во моментов не сметам дека можам да понудам доволно. Единствено сакам да сум сигурен да донесам вистинска одлука. Ги почитувам можностите кои можам да ги добијам со 38 години. Ако се појави нешто што оди во правец на мојот брод кој плови, кој знае? Но, за сега нема ништо, па ќе видиме", заклучи Лампард.
Човекот кој во дресот на репрезентацијата на Англија одигра 106 натпревари и постигна 29 гола, брилијантната играчка кариера ја почна во Вест Хам Јунајтед. Една полусезона на заем ја помина во Сванси Сити, а со доаѓањето во Челзи 2001. година почна подемот на неговата кариера. За ‚‚плавите" одигра 13 години запишувајќи 648 настапи во натпреварувачки натпревари постигнувајќи 211 гола. Заигра и за Манчестер Сити и Њујорк Сити.