Dejan Maksimoviç
16 Август 2016•Ажурирај: 18 Август 2016
ЛИВЕРПУЛ (АА) - Според наводите на британските медиуми, фудбалскиот клуб „Ливерпул“ ја одби понудата на „Кристал палас“ за напаѓачот Кристијан Бентеке, вредна 30 милиони фунти (речиси 35 милиони евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Од доаѓањето на германскиот тренер Јурген Клоп на клупата на „Ливерпул“, белгискиот напаѓач не бил ангажиран премногу, па медиумите константно го селат од „Енфилд“.
Бентеке во јули 2015 година стигна во „редси“ од „Астон вила“ за 32,5 милиони фунти (околу 37,4 милиони евра). Тогаш беше голема желба на Брандан Роџерс, поранешниот менаџер на Ливерпул. Бентеке најави дека ќе го напушти „Енфилд“ доколку не биде во плановите на Клопов.
„Палас“ вчера го продаде крилниот играч Јаник Боласиеј Евертон за 25 милиони фунти (речиси 29 милиони евра). Притоа, не е чудно што ја покачиле понудата за Бентеке од 25 на 30 милиони фунти.