Dejan Maksimovic
10 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
ЛИВЕРПУЛ (АА) - Според британските медиуми, фудбалскиот клуб Ливерпул ја одби најновата понуда од Барселона за Филипе Кутињо, која изнесуваше 100 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иако каталонските медиуми вчера го најавија претставувањето на Бразилецот како нов играч на Барселона, тоа очигледно нема да се случи. Понудата на Барселона, која лесно беше отфрлена, вклучуваше исплата на 85 милиони евра веднаш со дополнителни 15 милиони евра бонус. Меѓутоа, Ливерпул само го повтори својот став од претходно, а тоа е дека Кутињо не е за продажба.
Менаџерот Јирген Клоп неодамна, кога беше отфрлена првата понуда на Барселона од 80 милиони евра, изјави дека Ливерпул не е клуб кој продава играчи.
По продажбата на Нејмар на ПСЖ за 222 милиони евра, Барселона е во потрага по негова замена.
Кутињо на „Енфилд“ пристигна од Интер, во 2013 година, за 9,4 милиони евра.
Во дресот на „црвените“ одигра 182 официјални натпревара и постигна 42 гола. За националниот тим на Бразил настапи 28 пати, со седум гола.