Sibel Uğurlu
11 Август 2017•Ажурирај: 12 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот спринтер Рамил Гулијев стана светски шампион со што ѝ го донесе на Турција првиот златен медал во 200 метри мажи со изненадувачка победа на Светското првенство во атлетика во Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
Гулијев, кој е член на спортскиот клуб „Фенербахче“ од Турција, ја заврши трката за 20.09 секунди, пред олимпискиот шампион од Јужна Африка, Вејд ван Ниекерк, кој го освои сребрениот медал со време од 20.11 секунди. Џерим Ричардс од Тринидад успеа да го освои бронзениот медал.
Во изјавата за ТРТ Спорт, Гулијев им се заблагодари на сите оние кои помогнаа, и истакна дека тоа било прекрасна трка за него.
„Верував во текот на годината дека можам да го направам тоа. Се надевам дека следниот пат ќе имаме медали на Олимписките игри“, рече Гулијев.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, преку Твитер му честиташе на Гулијев.
„Срдечно му честитам на Рамил Гулијев, кој нѐ направи горди со освојувањето на златниот медал во категоријата за мажи на 200 метри, на Светското атлетско првенство“, беше пораката од претседателот Ердоган.
Инаку, десетдневното Светско првенство во атлетика завршува в недела.