свет

Велика Британија ставa крај на употребата на црната пластика

Јаглеродниот пигмент што се користи во црната пластика не може да се идентификува од страна на машините за рециклирање. Поради тоа, тони црна пластика се меша со почвата и водата...“

Gökhan Kurtaran  | 19.11.2019 - Обновена : 20.11.2019
Велика Британија ставa крај на употребата на црната пластика

ЛОНДОН (АА) - Водечките синџири на супермаркети во Велика Британија ќе ја спречат употребата на црната пластика како амбалажа за производите, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Британските водечки супермаркети соопштија дека до крајот на декември ќе стават крај на употребата на црната пластика во амбалажите на своите производи.

Јаглеродниот пигмент што се користи во црната пластика не може да се идентификува од страна на машините за рециклирање. Поради тоа, тони црна пластика што не може да се одвои, се меша со почвата и водата. Исто така, познато е дека рециклирањето на црната пластика е тешко и поскапо.

Во соопштението од ланецот на супермаркети „Теско“ (Tesco) се истакнува дека во исто време преговараат со другите производители за да се стави крај на употребата на црната пластика како амбалажа на нивните производи.

Од синџирот маркети „Саинсбери“ (Sainsbury’s), исто така истакнаа дека на крајот на 2019 година, употребата на црна пластика ќе биде запрена целосно и дека 6.000 тони амбалажа се заменети со алтернативи кои можат да се рециклираат.

И синџирот „Ваитрос“ (Waitrose) истакна дека употребата на црната пластика како амбалажа е намалена за 90 проценти и дека на крајот на годината целосно ќе биде прекината нејзината употреба.

Во британските медиуми се вели дека и „Маркс и Спенсер“ (Marks & Spencer) од следната година планираат да престанат со употребата на црната пластика.

Во Велика Британија, со воведувањето на практиката во октомври 2018 година пластичните кеси да се наплатуваат, нивната употреба во супермаркетите се намали за 90 проценти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.