Ferdi Türkten
07 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
БУДИМПЕШТА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Унгарија, каде што отпатува во официјална посета по покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан, беше пречекан со официјална церемонија, јавува Anadolu Agency (AA)
На церемонијата беа интонирани националните химни на двете земји.
Ердоган и Орбан, по официјалната церемонија поминаа на тет-а-тет средба.
За време на средбата, која беше затворена за медиумите, Ердоган беше придружуван од министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
По средбата, Ердоган и Орбан присуствуваа на состанокот на високо ниво на Советот за стратегиска соработка.