Ekipa
07 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претеседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека терористичките организации сè уште не се повлекле од териториите на северна Сирија кои се наоѓаат во рамките на подрачјето на турската антитерористичка операција, јавува Аnadolu Agency (AA).
„Ветувањето дека терористичките организации ЈПГ/ПЈД, ДЕАШ и ПКК ќе се повлечат од регионот во рамки на 120 часа, не е исполнето“, изјави Ердоган за новинарите во Анкара, пред да замине во официјална посета на Унгарија.
Тој додаде дека терористите на ЈПГ/ПКК продолжуваат да ги напаѓаат турските локални сојузници, Сириската национална војска (СНВ), прекршувајќи ги договорите за безбедносната зона и дека 11 војници на СНВ биле убиени утринава.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.
Анкара и Москва постигнаа договор според кој терористите на ЈПГ/ПКК ќе се повлечат 30 километри јужно од турската граница со северна Сирија во рок од 150 часа, а безбедносните сили на Турција и Русија ќе вршат заеднички патроли во тоа подрачје.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.