Jeyhun Aliyev
07 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес ќе патува дводневна посета на Женева, за да присуствува на Стратешкиот дијалог за Западен Балкан, се соопштува од Министерството за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на Самитот, кој го организира Светскиот економски форум, турскиот министер ќе дискутира за моменталните политички и економски предизвици и можности на Балканот.
„Чавушоглу треба да одржи билатерални состаноци со некои од шефовите на делегациите кои присуствуваат на Самитот“, се вели во соопштението.
„Тој се очекува да размени мислења во врска со економското и општествено унапредување на иднината на регионот“, се додава во соопштението.