Tayfun Salcı
04 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
ЛОНДОН (AA) - Започна процесот на гласање на локалните избори во Обединетото Кралство, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласачите во Англија, Велс и во Шкотска гласаат за членови на неколку општински собранија, како и за избор на градоначалник во осум града, меѓу кои Манчестер, Ливерпул и Кембриџ.
Гласањето започна во 7.00 часот по локално време, а ќе продолжи до 22:00 часот.
Изборите за избор на 4.851 член на општинските собранија во 88 избирачки места во Обединето Кралство, се важен натпревар за партиите пред општите избори што ќе се одржат на 8 јуни.
Од друга страна, привлекувајќи внимание на разликата меѓу локалните и општите избори, постојат и одредени околности кои тврдат дека денешните резултати нема да се сметаат како показател за општите избори.
Во некои места во Англија и во Велс, броењето на гласовите ќе започне веднаш по затворањето на гласачките кутии, додека во другите места и во Шкотска, броењето ќе започне утре изутрина. Поголемиот дел од гласовите се очекува да бидат објавени утре.
Владата на Обединетото Кралство, составено од Англија, Велс и Шкотска, минатиот месец донесе одлука за одржување на општите избори. Процесот на изборите официјално започна вчера, по распуштањето на британскиот Парламент.
Во направените анкети јасно се гледа дека Конзервативната партија под водство на премиерката Тереза Меј е пред Лабуристичката партија предводена од Џереми Корбин.