Yunus Kaymaz
22 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Во рамките на групната фаза од европското најпрестижно клупско фудбалско натпреварување УЕФА Лига на шампиони, синоќа се одиграа осум средби во групите А, Б, Ц и Д, известува Агенција Анадолија (АА).
Во групата А, актуелниот шампион Баерн Минхен на домашен терен ја пречека екипата на Атлетико Мадрид.
Домаќините прикажаа одлична и ефикасна игра, совладувајќи го Атлетико Мадрид со 4:0
Во групата Б, најуспешниот тим во историјата на УЕФА Лигата на шампиони, тимот на Реал Мадрид, на домашен терен го пречека Шахтјор Донецк. Шахтјор одлично го започна натпреварот и првото полувреме го заврши со предност од 0:3. Реал Мадрид се консолидираше во почетокот од второто полувреме и намали на 2:3, но недоволно за да го избегне поразот од гостинската екипа.
Во групата Ц, Манчестер Сити на домашен терен го пречека Порто. Иако Порто поведе со 0:1, Сити успеа да се врати во игра и на крајот извојува победа од 3:1.
Во групата Д, Ливерпул му гостуваше на Ајакс. Гостите со минимални 0:1 успеаја да го совладаат домаќинот и со 3 бода си заминаа од Амстердам.
Резултати од синоќа одиграните натпревари по групи во УЕФА Лигата на шампиони:
Група А
Баерн Минхен - Атлетико Мадрид 4:0
Салцбург - Локомотива Москва 2:2
Група Б
Реал Мадрид - Шахтјор Донецк 2:3
Интер - Борусија Менхенгладбах 2:2
Група Ц
Олимпијакос - Олимпик Марсеј 1:0
Манчестер Сити - Порто 3:1
Група Д
Ајакс - Ливерпул 0:1
Мидтјиланд - Аталанта 0:4