Emre Aşıkçı
23 Октомври 2020•Ажурирај: 24 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Португалија во текот на викендот ќе биде домаќин на 12. трка од оваа сезона на Светското првенство на Формула 1, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трката ќе се вози на патека долга 4.653 метри во Портимао, а ќе бидат возени 66 круга.
Денес во периодот од 12:00-13:00, 16:00-17:00 возачите на Формула 1 ќе можат да ги тестираат своите возила пред утрешната трка за пол-позициите која ќе започне во 15:00 часот. Трката за Големата награда на Португалија ќе започне в недела во 14:10 часот.

Во досегашниот тек од првенството во Формула 1 Британецот Луис Хамилтон, возач на Мерцедес, победи во 7 трки, неговиот клубски колега Валтери Ботас извојува 2 победи, додека Макс Верштапен, возачот на Ред Бул и Пјер Гасли, возачот на Алфа Таури (до скоро познат како Торо Росо) успеаја да освојат по една победа.
Бодовнo салдо меѓу возачите во Формула 1 во 2020 година:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија): 230
2. Валтери Ботас (Финска): 161
3. Макс Ферштапен (Холандија): 147
4. Даниел Рикардо (Австралија): 78
5. Серхио Перез (Мексико): 68
Бодовно салдо меѓу тимовите во Формула 1 во 2020 година:
1. Мерцедес: 391
2. Ред Бул-Хонда: 211
3. Рејсин Поинт: 120
4. Мекларен: 116
5. Рено: 114