спорт

Роналдињо позитивен на Ковид-19

„Направив тест и позитивен сум на Ковид-19. Добро сум, немам симптоми. Наскоро ќе бидеме повторно заедно. Ве гушкам“, напиша Роналдињо на неговиот профил на Инстаграм.

Emre Aşıkçı  | 26.10.2020 - Обновена : 27.10.2020
Роналдињо позитивен на Ковид-19

САО ПАОЛО

Бразилската фудбалска ѕвезда Роналдо де Азис Мореира, познат како Роналдиљо, потврди дека е позитивен на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (Аа).

„Направив тест и позитивен сум на Ковид-19. Добро сум, немам симптоми. Наскоро ќе бидеме повторно заедно. Ве гушкам“, напиша Роналдињо на неговиот профил на Инстаграм.

Тој додаде дека ќе остане во самоизолација во Бело Хоризонте, главниот град на државата Минас Жераис, на југоисточниот дел на Бразил.

Роналдињо (40), кој може да се стави на листа меѓу најдобрите фудбалери на сите времиња, меѓу останатите играше за Париз Сен Жермен, Барселона, Милан и Фламенго.

Во дресот на репрезентацијата на Бразил, за која настапуваше од 1999 до 2013 година, забележа 97 настапи и 33 погодоци. Со репрезентацијата го освои Светското првенство во 2002 година, а со Барселона во 2006 година и насловот на УЕФА Лигата на прваци. Роналдињо во 2005 година ја освои Златната топка (Ballon D'or), а од професионалниот фудбал се повлече во 2018 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın