Dejan Maksimovic
14 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
РИО ДЕ ЖЕНЕИРО (АА) - Некогашниот бразилски фудбалер Роналдињо (37) ќе се кандидира за Сенатот на парламентарните избори во Бразил 2018 година, објави угледниот дневни „O Globo" (О Глобо), пренесува Anadolu Agency (AA).
Роналдињо наводно ќе биде кандидат на Социјалистичката христијанска партија (PSC), чиј член е Жаир Болсонаро.
Поранешната ѕвезда на светскиот фудбал чека Болсонаро официјално да ја објави кандидатурата, а се очекува дека тоа да се случи во март 2018 година, вели „O Globo“. Роналдињо ќе се кандидира на изборите во Минас Жераис.
Болсонаро ќе се кандидира за претседател на Бразил; станува збор за контроверзен политичар кој има конзервативни ставови кон браковите од ист пол, смртната казна и одбранбената политика на земјата. Себеси се споредува со американскиот претседател Доналд Трамп, а во јавноста е осудуван поради несоодветните коментари за жените и за геј заедницата.
Роналдињо професионалната фудбалска кариера ја започна во 1998 година во Гремљ, во кој ги помина сите младински селекции. Три години подоцна преминува во Париз Сен Жермен, 2003 година во Барселона каде стекна светска слава. Со Барса освои две шампионски титули, два пехара на Суперкупот на Шпанија и една титула во Лигата на шампиони.
До крајот на кариерата, која ја заврши во 2015 година, играше уште за Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе. Во дресот на Бразил, со кој во 2002 година беше светски шампион, одигра 97 натпревари и постигна 33 гола. Светската фудбалска федерација (ФИФА) двапати го прогласи за најдобар играч на светот, во 2004 и 2005 година. Златната топка ја доби во 2005 година.