Ekip?
28 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
САНТИЈАГО (АА) - Суспендираната претседателка на Бразил, Дилма Русеф, не го сторила финансискиот криминал за кои е обвинета претходно, се вели во извештајот на независните ревизори ангажирани од страна на бразилскиот Сенат, пренесува Anadolu Agency (АА).
Русеф е обвинета за финансиски малверзации во буџетот во текот на претседателската кампања во 2014 година, а истрагата во врска со тие наводи ја водеше парламентарната комисија. Во текот на истрагата Русеф беше суспендирана од функцијата претседател на 180 дена.
Ревизорскиот извештај ги покажал сите слабости на процесот воден против Русеф, велат нејзините приврзаници, особено членовите на нејзината Работничка партија.
Според извештајот, Русеф не ги одложувала исплатите на државните банки, ниту пак ги кршела даночните закони.
Поддржувачите на привремениот претседател Мишел Tемер, кој силно се залагаше за истрага против Русеф, велат дека документот кој го бараше Сенатот нема да влијае на шансите таа повторно да ја преземе водечката улога во земјата.
Во мај, две третини од сенаторите гласаа за суспендирање на Русеф поради наводите за крешење на даночните закони. Ново гласање за случајот Русеф е планирано за во август.