Alma Çekovic
20 март 2016•Ажурирај: 20 март 2016
САО ПАЛО (АА) - Седум лица загинаа, а еден е повреден во падот на приватен авион во станбениот дел на Сао Паоло, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионот во сопственост на поранешниот извршен директор на водечката рударска компанија Вале Роџер Ањели, се урна по краткото полетувањето од аеродромот во северниот бразилски град.
Во несреќата загинаа поранешниот извршен директор Роџер Ањели, неговата сопруга, двете деца и сопружниците.
Според пожарникарите, на местото на несреќата, освен шесте патници, загина и пилотот, а повредена е жена на чија куќа падна авионот.