Kemal Zorlak
20 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
РИМ/МОСКВА/ЕДРИНЕ (AA) – Бројни светски градови синоќа се вклучија во глобалната кампања "Час за планетата земја" која има за цел да ја поттикне свеста за климатските промени и да се прати порака за важноста за штедењето на електричната енергија, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од тие градови е и главниот град на Италија, Рим, на чии репрезентативни зданија се исклучени светлата на 60 минуи.
Точно во 20 часот и 30 минути исклучени се светлата на познатата фонтана Ди Треви, после што на нејзините sидови се појави логото на Светскиот фонд за природа, кој е организатор на овој настан. Во исто време светлата се исклучни и на претседателската палата Киринале, зградите на владата и парламентот, како и на познатиот Колосеум.
И главниот град на Русија, Москва беше дел од кампањата "Час за планетата Земја", а по тој повод во мрак се оставени најважните знаменитости од овој град.
Ниту турскиот град Едрине не заборави да прижу поддршка во оваа глобална акција. На познатата џамија Селимија исклучени се светлата во закажаното време, а истото тоа е направено и на Големата синагога која се наоѓа во овој град.
Минатата година во Часот за планетата Земја учествуваа поедници, компании и организации во повеќе од 7.000 градови и 162 земји.
Часот за планетата Земја е глобален настан кој го организира Светскиот фонд за природа (World Wide Fund for Nature), а се одржува во последната сабота од март секоја година, повикувајќи ги домаќинствата и фирмите на исклучување на нивните непотребни светла и останатите електрични уреди на еден час поради подигнување на свеста за потребата за преземање акции околу климатските промени.
Час за планетата земја го покренаа WWF и The Sydney Morning Herald 2007. година кога 2,2 милиони жители на Сиднеј учествуваа со гасење на сите непотребни светла. Следејќи го примерот на Сиднеј, многу други градови ширум светот го прифатија настанот 2008 година.