Halit Süleyman
19 Март 2016•Ажурирај: 20 Март 2016
РАКА (АА) - Во воздушни напади на воените авиони на сириската армија врз градот Рака, кој се наоѓа во северниот дел на Сирија, загинаа 43 а повредени се 50 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите кои новинарот на АА ги добил од локални извори, како резултат на воздушниот напад на воените авиони на сириската армија врз 9 различни локации во градот Рака загинале 43 лица а 50 други се повредени.
Се вели дека меѓу бомбардираните локации се болницата Ватан, џамијата Навави и индустрискиот реон и дека повредените се однесени во болниците низ градот. Покрај тоа, одредени локални извори велат декаи ја нападнале Рака и руските воени авион.
Во вчерашниот воздушен напад на воените авиони на сириската армија врз 8 различни локации во градот Рака загинаа 17 цивили. Градот Рака, кој се наоѓа во северниот дел на земјата, од 2014 година е под контрола на терористичката организација ДАЕШ.