Ekipa
14 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
СИДНЕЈ (АА) - При пад на мал патнички авион, загинаа 12 лица меѓу кои три се деца. Авионската несреќа се случила вчера изутрина во пооддалечените предели на Папуа Нова Гвинеја, соопшти денес полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Авионот се приближувал кон аеродромот во пристаништниот град Киунг во западниот дел на земјата, кога се срушил во мочуриште. Истражителите на лице место се обидуваат да ја утврдат причината за несреќата”, изјави Џозеф Пури, регионалниот полициски командант.
Пури додаде дека пилот на хеликоптер од една компанија ја забележал несреќата и пренел тројца повредени во болницата во Киунг. За жал веќе било доцна и лекарите само им констатирале смрт.