Yusuf Hatip
07 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Се дознава дека авион на авиокомпанија „Пакистан ервејс" (ПИА) кој се обраќал на линијата Читрал-Исламабад се урнал во близина на подрачјето Хавелиан, јавува Anadolu Agency (AA).
Во образложението кое беше дадено на пакистанското радио, се вели дека мал авион на ПИА на летот под број PK-661, во кој имало 5 членови на екипажот и повеќе од 40 патници се урнал во близина на селото Карпал.
Според изјавата од авиокомпанијата ПИА, авионот кој полетал од аеродромот во Читрал, кој се наоѓа во северозападниот дел на земјата, по кусо време од полетувањето ја загубил својата врска со контролната кула.
Портпаролот на пакистанската армија информираше дека со цел да се укаже помош, на местото на несреќата се испратени воени единици и хеликоптер.